Никој не ја препознава: Видеото на Теодора Џехверовиќ без шминка го запали интернетот

Теодора Џехверовиќ важи за една од најатрактивните пејачки на естрадата. Не е тајна дека, како и другите јавни личности, таа често користи фотошоп и популарни филтри кои ѝ го разубавуваат лицето и телото, а ретко може да се види во природна состојба без тешка сценска шминка

Теодора често е мета на позитивни и негативни коментари кога се во прашање нејзините провокативни фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи. Меѓутоа, сега на интернет кружи нејзино видео на кое, како што тврдат многумина, ретко кој ја препознал.


Имено, на социјалната мрежа Твитер се појави видео од Џехверовиќ на кое таа позира со насмевка на лицето и со коса врзана во опавче без трошка шминка.

Пејачката во домашното издание, како што напишаа во коментарите корисниците на споменатата социјална мрежа, не е ни слична на она што може да се види на нејзиниот профил.

„Седеше до мене во кафулето и навистина е убава“, „Гледам и не разбирам која е додека него прочитав тагот“, „Изгледа како оџачар“ гласат дел од коментарите.

Теодора Џехверовиќ изгледа сосема поинаку без шминка

Извор: www.blic.rs