Никој не очекуваше толкава смелост од неа: Хурем Султан ја шокираше јавноста во проѕирен фустан покриен со светки
Популарната Хурем се појави на донаторската вечера наменета за народот на Турција погодени од силниот земјотрес...
Мерјем Узерли, која е препознатлива по улогата на Хурем Султан, гостуваше на донаторската вечера на која познатите личности ѝ пружија помош на Турција и на луѓето погодени од страшниот земјотрес.
Познатата актерка ја искористи оваа прилика да му помогне на својот народ, а притоа блесна на споменатиот настан и прошета во прилично смела комбинација.
Мерјем избра црвена нијанса и креација која тешко се опишува со зборови. Станува збор за проѕирен фустан од тул исполнет со светки, а одоздола боди во златна боја, покриено со ситни златни точки, кое е исто како салонките за кои актерката се одлучи.
Како и секогаш, уште ја негува препознатливата боја на коса, а на себе имаше и минимана шминка.
Несомнено е дека Мерјем знае да го сврти вниманието кон себе, а изгледа дека сите лоши во кои била во депресија ги има оставено далеку зад себе.
фото: Принтскрин / Инстаграм