„Никој не знае да прегрне кога боли“: Сека Алексиќ сподели порака откако беше осудена за настапот на Денот на жалост
Многу познати личности ги откажаа настапите по
трагедијата во Нови Сад каде загинаа 14 лица, по што беше прогласен Ден на
жалост. Сепак, некои пејачки не ги откажаа настапите во странство, а меѓу нив
беше и пејачката Сека Алексиќ.
Сека Алексиќ одржа настап во Босна, по што беше мета на критики. Пејачката на својот Инстаграм вчера сподели видео од терасата на хотелската соба, како ужива во погледот на реката Уна.
Сека денеска сподели цитат.
- Сите сакаат ѕвездите да паѓаат од небо, никој не знае да прегрне кога боли - објави пејачката дел од книгата за која истакна дека е „Во морето на се, вистинско освежување“.
Војаж исто така настапи на Денот на жалост
„Немаше можност за откажување, имав два настапи, едниот во Осло, која беше на денот кога се случи таа голема трагедија, а другиот во Луксембург. Тоа се настапи за кои веќе беа потпишани договорите, тоа е наша работа. Како што вчера беше поголем дел од Србија, така и јас бев на работ. Чувстувал длабок жал и сочувствувам со сите. Тоа моравме да го направиме за да не добиеме прекумерни казни за тоа. Она што повеќето кои ме познаваат, знаат дека сум многу хуманитарно активен и дека со овие настапи кои ми се случија никого не омаловажуваме, ниту пак покажуваме недостаток на емпатија... Она што веќе го планираме, ја организираме досега најголемата хуманитарна акција, со цел да им помогнеме на семејствата на жртвите кои беа погодени од оваа трагедија и повредените. Ќе се обидеме да направиме што е можно повеќе надвор од Инстаграм приказните и коментарите“, вели Војаж во интервју за „Блиц“.
Покрај Сека Алексиќ и Војаж, настапи на Денот на жалоста имаа и пејачот Слоба Радановиќ кој пееше во Цирих, раперот Стефан Ѓуриќ Раста кој настапи во Штутгарт.Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs