Нина Ангеловска направи викенд дружба со најблиските за веридбата: Во името на љубовта

Добивај вести на Viber

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска на големиот христијански празник Велигден годинава му кажа ДА на нејзиниот избраник.

А вчера нејзината сестра Марина, на Инстаграм сподели интересно риил клипче на кое Нина со партнерот и очигледно нивните најблиски пријатели уживаат во викенд дружбата, по повод нивната веридба.

На видеото може да се забележат нежни бакнежи кои ги споделува Нина со саканиот, вереничките прстени кои ги покажуваат двајцата, но и одличната забава која ја поминале со најблиските.

Покрај видеото Марина напиша: „Во името на љубовта“, а песната која ја слушаме во позадина на видеото е исто така една од најголемите љубовни балади „Can't take my eyes of you“.



Фото и Видео: Инстаграм

Екс министерката Нина Ангеловска оди на нова позиција: Предизвик ѝ е високо менаџерско место во српска престижна компанија