Нина Бардиќ искрено за мајчинството и сопругот со кој беше 12 години во брак

Нина Бадриќ, која наскоро ќе го прослави својот 47-ми роденден, можеби досега немаше многу среќа во љубовта, но се уште не ја изгуби нејзината верба и надеж во вечната љубов и судбоносната средба, а за магазиниот „Глорија“ откри и дека понекогаш размислува за мајчинството.

- Мислам дека во секоја жена има жар за мајчинство. Кога ќе помине некое време, почнувате да го имате тој исконски нагон- изјави Нина.

На прашањето дали верува дека во животот ќе и се појави висок, убав маж, со сини очи, Нина рече:

„Таков беше мојот поранешен сопруг, со кој поминав 12 години. Тоа беше младелачка љубов, помалку незрела. Но благодарна сум. Кога сте млади, ве привлекува хемијата, чувствувате пеперутки, што е слатко, но за заеднички живот треба партнер кој првенствено е пријател, кој те разбира и почитува. Поубаво е да поминете низ тешките мигови со човек покрај вас кој ќе направи да биде подобро.“