Ниту Бред Пит не може да ѝ одолее на оваа фатална турска актерка: Доста му е од жените од Холивуд (ФОТО)

Многумина тврдат дека Ханде Ерџел (28) е една од најталентираните и најубавите турски актерки, но таа се најде во центарот на вниманието кога го „украде“ момчето на својата колешка

Оваа манекенка и актерка е во врска со турскиот актер Керем Бурсин, кој поради неа ја остави својата партнерка Демет Оздемир.

Тие брзо станаа омилениот пар на Турција и често објавуваа фотографии од сетот на социјалните мрежи. Потврдија дека се заедно во април 2021-ва година, кога отпатуваа на Малдивите и споделија заедничка содржина на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by  (@handemiyy)


Керем и Ханде се појавија во неколку серии, но публиката најмногу ги забележа на малите екрани токму во сапуницата „Немирно лето“, која почна да се емитува во јули 2020-та година. Бурсин го играше архитектот Серкан Болат, а Ерчел ја толкува Еда Јилдаз, која ја запознал откако ѝ замерил што го прекинала образованието.

На Керем и Ханде всушност не им беше тешко да лажираат хемија бидејќи брзо се засакаа и започнаа врска.

Фановите беа воодушевени од потврдата на гласините за нивната врска и веќе им се предвидуваше дека ќе бидат попопуларни од Шехерезада и Сулејман, односно Бергузар Корел и Халит Ергенч, кои имаат бурна љубовна приказна. Некои дури ги прогласија за нивни млади наследници.

Но, Керем и Ханде раскинаа за помалку од една година, според турските медиуми, додека други тврдат дека нивната врска траела 18 месеци. Нивната приказна заврши во јануари 2022-ра година и се гледаше по тоа што престанаа да споделуваат заеднички фотографии.


Извесен период не се знаеше што се случило со парот, а се ширеа гласини дека Ханде е виновна за раскинувањето. Некои тврдеа дека притисокот од јавноста им пречел. Но потоа се појавија други информации дека Керем ја изневерил и таа го оставила веднаш штом дознала.

Наводно се споменувала сапуница која требало да има повеќе епизоди, но поранешната двојка не се поднесувала и често на сетот жестоко се карале, поради што продуцентот ги откажал продолженијата.

Инаку, во центарот на вниманието се најде и Ханде која ја започна својата кариера како модел кога странските медиуми ја поврзаа со Бред Пит, кој наводно не можел да ѝ одолее. Американските медиуми пишуваа дека Оскаровецот првпат ја видел во една од нејзините улоги, а оттогаш често е на нејзиниот Инстаграм профил.

View this post on Instagram

A post shared by  (@handemiyy)


„Тој е маѓепсан од нејзината убавина, но и од нејзините актерски способности. Доста му е од жените од Холивуд. Се обидува да стигне до Ханде, но не сака да го направи тоа преку Инстаграм бидејќи не чувствува дека ова е најбезбеден начин. Наводно до Ханде стигнала информација дека Бред бил пленет од нејзината убавина и тоа секако ѝ ласка. Како 16-годишна била заљубена во него и не може да поверува дека ја забележал. Сигурен сум дека ќе одат на вечера заедно“, своевремено кажал изворот.

Извор: superzena.b92.net