Беа омилената турска актерска двојка: Дали заврши љубовта помеѓу Керем Бурсин и Ханде Ерџел?

Добивај вести на Viber

Керем Бурсин изненадувачки се раздели од актерката Ханде Ерџел. Парот одеднаш ги избриша заедничките фотографии од своите профили на социјалните медиуми што веднаш предизвика низа коментари и гласини во врска со нивната разделба. 

Керем Бурсин и Ханде Ерџел се запознаа на снимањето на еден заеднички проект и ја открија својата врска преку фотографии на социјалните медиуми од нивниот заеднички одмор на Малдиви.

Двојката беше во врска од 2021 година. Ниту Ханде ниту Керем не дадоа никаков коментар за нивната врска, па најверојатно така и ќе остане за нивниот прекин на врската.

Од извор близок на двојката, во обид да ја спаси нивната врска, Керем побарал поддршка од своите пријатели за да се смири со неговата девојка. Сепак, Ханде Ерџел била одлучна и им кажала на пријателите дека „Се е готово, нема враќање назад“.

Ханде Ерџел не даде никакво објаснување за нивната врска. Првиот потег, всушност, го направи таа. Таа прва ги избриша своите фотографии со Керем Бурсин објавени на нејзиниот Инстаграм профил.


Керем Бурсин е турски актер, модел и продуцент. Ја започнал својата кариера во 2006 година, а сега е еден од најплатените и најбараните актери во Турција. Тој е познат по неговите бурни врски со актерките Јагмур Танрисевсин и Серенај Сарикаја.

На малите екрани, тој го покажува својот неодолив шарм и талент во улогата на Али Смит во серијата „Срцето на градот“ на Дизи каналот.

Али Смит имал тежок живот. Тој бил сведок на убиството на неговата мајка од страна на неговиот татко, по што почнува да живее во товарен брод заедно со Рауф кој се грижел за него по оваа трагедија. Али патува низ целиот свет и го смета товарниот брод за свој дом/земја. Станува човек без земја.Тој не сака да се врати во Истанбул каде што ќе се присети на трагедијата во детството. Меѓутоа, Али се враќа во Истанбул кога ќе наполни 20 години. Тој треба да помине 24 часа во Истанбул додека неговиот товарен брод не замине до следната дестинација.

Секогаш кога Али ќе стапне во Истанбул, тој успева да западне во неволја. Додека сака да и помогне на една млада девојка по име Дерин, тој го губи пасошот, но ја наоѓа вистинската љубов. Али и Дерин го поминуваат целиот ден заедно без да знаат што ќе им донесе следниот ден.

Дали Али и Дерин повторно ќе се сретнат? Што ќе направи Али кога ќе ја дознае вистината за своето минато? Дали Али ќе му прости на својот татко? Ќе успеат ли Али и Дерин да бидат среќни?

„Срцето на градот“ можете да ја гледате секој ден од 19:15 на Dizi.

Згодниот модел и актер се заканува да ве шармира за минута: Дали веќе сте заљубени во Али од „Срцето на градот“?