Ниту семејство, ниту училиште: Проблеми со кои денес младите се соочуваат
Младите имаат сопствени проблеми и стравови, но и проблеми со своите пријатели, кои непримерно се однесуваат. Во тоа може да им помогнат советите на стручните луѓе.
# Често сте во лошо расположение?
Вашите пријатели изглегуваат да се забавуваат, а се што сакате вие е да се завиткате, легнете во кревет и спиете. Секогаш сте во лошо расположение, а не можете секогаш да се „вадите“ на менструацијата на пример. Ништо не ве прави среќни.
Доколку сте тажни две или повеќе недели, тоа би можело да биде депресија. Кажете им на вашите родители како се чувствувате за да ја пронајдете причината. Тие може да ве однесат кај терапевт кој може да ви помогне да утврдите што ви се случува. Говорејќи за своите чувства со родителите, пријателите или лекар, ќе се чувствувате подобро.
# Вашата пријателка премногу јаде, па потоа повраќа?
Секој ден на ручек вашата пријателка многу јаде, а потоа трча до тоалетот за да поврати. Сте и кажале дека сте загрижени, но таа го игнорира тоа.
Тоа може да биде пореметување во исхраната. Доколку некој упорно повраќа по јадењето, тогаш навистина може да го загрози своето здравје. Бидејќи не ве слуша, потребни се разговори со повозрасна личност - родител, професор, училишен педагог или психолог.
Доколку вие премногу јадете, а потоа повраќате - побарајте помош од личност во која имате доверба.
# Претерано внесување на алкохол?
Вие или некој друг кој ви значи многу често се опива, а тоа ве загрижува.
Разговарајте со лекар, социјален работник, психолог или советник. Златното правило гласи: „Никогаш не пијам кога возам и никогаш не влегувам во кола со некој кој е пијан“.
# Се чувствувате изолирано?
Навивачи, тимови, групи, спорт, други деца... Имате впечаток дека сите во училиштето се во некоја група, освен вие. Имате впечаток дека сте заглавени некаде настрана.
Пронајдете пријатели кои имаат исти интереси како вас. Вистинските пријатели нема да ве исклучат од активностите, затоа што не сте доволно популарни или не носите брендирана облека. Тие ќе сакаат да се дружат со вас онакви какви што сте.
Целиот текст за проблемите со кои се соочуваат тинејџерите денес прочитајте ги на Хаштаг