Нив си ги посакувам за роденден: Сара Мејс го прослави овој посебен ден со нејзините најмили - Илина и Димитар

Добивај вести на Viber

Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс денеска наполни 31 година.

Овој посебен за неа ден, таа го прослави во друштво на најсаканите - ќерката Илина и сопругот Димитар.

Тричленото семејство славеше во ресторан за кинеска храна, од каде Сара објави слатки семејни фотографии и видеа од преслатката Илина која ѝ пееше „Среќен роденден“ на мама Сара и заедно дуваа свеќички.

„Не постои нешто што повеќе сакам од нив. Нив си ги посакувам за роденден.
Да ми се здрави само“ - напиша славеничката покрај албумот од фотки и видеа на Инстаграм.