НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите на 25 март

Добивај вести на Viber

Согласно моменталните случувања со пандемијата на корона вирусот, во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги исплати пензиите на 25 март, среда.

Во насока на поголема заштита, од 25 до 27 март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката.

 Поради моменталната кризна ситуација, експозитурите на Банката имаат изменето работно време, па затоа се препорачува пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на веб страницата на Банката: www.nlb.mk

Тргнувајќи од мерките за заштита на пензионерите, Банката апелира да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа банкомати со 24 часовна достапност.

Исто така со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство.