Култура // Настани
Ноќ на убавина, слава, гламур!
„Story awards Party“ е едно од најзначајните случувања во светот на шоу-бизнисот кој секој пат успева да ја оправда својата репутација на огномет од емоции естетика и незаборавен провод.
Гламурозниот настан ќе се случи на 20-ти март во хотелот „Александар Палас“. Во ноќта на убавината, славата, гламурот, солзите и громогласни аплаузи овој пат наградите ќе ги добијат актерски, музички, телевизиски, спортски и бизнис личности по избор на регионалното уредништвото на магазинот „Story“.