Ноне Неделковска повторно запеа: Доби поддршка од следбениците ѝ ја охрабрија да се врати на музичката сцена
Ноне Неделковска пред 10 години ја напушти музичката сцена и замина да работи на брод. Публиката ја памети како шармантната пејачка од Велес, која настапи на регионалинот музички натпревар „Идол“.
Таа веќе една деценија работи на бродови кои крстарат на повеќе дестинации. Па од егзотичните дестинации кои ги посетува споделува фотографии и видеа со своите следбеници, а неодамна ја изненади јавноста со песна.
Ноне отпеа песна од Адел „Everything changed me“, лежејќи во кревет пееше тивко за како што напиша таа на објавата да не го разбуди колегата од другата кабина.
Под видеото Неделковска доби поддршка од следбениците, а дел од нив ѝ рекоа дека треба да размисли да се врати на музичката сцена, додека друг и напиша: „Браво не си го изгубила осетот за пеење...“
Фото и Видео: Инстаграм - Ноне Неделковска
Ноне на вечера со мистерозен маж: Кој е згодниот фраер-капетан покрај неа?