„Нормално е два дена да се јаде грав, а не ракчиња и лигњи - тоа се лажни животи“: Сека Алексиќ ги критикува јавните личности
Сека Алексиќ се осврна на тоа каква слика испраќаат познатите личности кои имаат илјадници следбеници преку социјалните мрежи и истакна дека децата мора да бидат свесни дека реалниот живот е поинаков од она што изгледа на Инстаграм.
Иако во текот на кариерата заработила доволно пари за да си дозволи на себе и на семејството убав и удобен живот, Сека ја користи секоја прилика да покаже дека нејзиниот приватен живот не се разликува многу од оној што го живеат повеќето луѓе и дека не заборавила на скромното детството што го имала.
Па сега им се обрати на децата и им објасни дека секојдневието на јавните личности, кое на Инстаграм делува многу луксузно, не е реална слика за животот на луѓето во Србија.
„Нормално е детето три дена да носи тренерки на училиште додека не се извалка, па кога ќе се извалка, мајка му го пере и пак го суши, па повторно одиме. Не е нормално да ја менувате вашата гардероба секој ден. Тоа деца не е нормално. Не е нормално луѓето да гледаат јавни личности низ социјалните мрежи кои рекламираат се и сешто, кои рекламираат прескапи производи, шминка, скапи животи, Дубаи... Не е нормално, не е вистински живот“, одговори таа за „WTF“ радио.
„Нормално е да си дома, да не си во Дубаи, нормално е два дена да јадеш грав или полнети пиперки, мусака или сарма, не е нормално да јадеш кавијар, ракчиња, лигњи и слично.. секој ден во Дубаи на тераса да се снима морето, тоа не е нормално. Тоа се лажни животи“, заклучила таа, по што добила многу коментари за поддршка.Фото: Инстаграм
Извор: Nova.rs