НОСИ МЕ ВО ПАРИЗ СО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Добивај вести на Viber

По повод месецот на љубовта и денот на заљубените, од 8ми до 14ти февруари, Скопје Сити Мол подготви интересен настан за своите посетители, под мотото “Носи ме во Париз”.

Сите заинтересирани можат да бидат дел од интересни повеќедневни игри за парови, забава за посетителите, а како модератори на шоуто ќе се појават познатите ТВ водители Марко и Цеце.

Пријавените парови ќе учествуваат во друштвени игри, ќе добијат задачи и љубовни предизвици, ќе бидат дел од квизови со кои ќе се тестираат “колку добро се познаваат”.

Квотата е 40 парови затоа побрзајте и резервирајте го вашето место во оваа игрa!

По принцип на бодување од игрите, паровите освен добрата забава, добиваат можност и да го завртат “тркалото на љубовта” со интересни награди, а најдобрите ќе добијат шанса да се натпреваруваат во големото финале на 14 февруари.

Главната награда за победничкиот пар е романтично патување во вечниот град на љубовта – Париз.

Пријавување на сите парови учесници ќе започне од 3ти февруари на пултот на играта “Носи ме во Париз” кој се наоѓа во приземниот простор на влезот на Skopje City Mall.

Деновите на натпреварвање се 8ми, 9ти, 11ти,13ти и големото финале на 14ти февруари!

Дојдете и учествувајте на “фестивалот со кој се слави љубовта” во Skopje City Mall и пријавете го Вашето учество навреме.