Џез-триото „Светлост“ го издаде албумот Jazz (to the working class)

Добивај вести на Viber

Светлост е џез трио од Скопје, веројатно најдобро сокриената музичка тајна во земјава. Тајна за нас, бидејќи работата на Дени Омераѓиќ (бас/синтисајзери), Нинослав Спировски (саксофон/кларинет) и Кристијан Новковски (тапани) е добро позната на светската џез јавност. Нема да биде нескромно, ниту пак неточно, ако забележиме дека појавата на нивниот деби албум Odron Ritual Orchestra во 2019та, го промени пејсажот на сите релевантни годишни џез листи и доби неверојатно позитивни критики. Сето тоа резултираше со неверојатен интерес за овој албум и состав, по што Светлост успеа да продаде импозантен број носачи на звук, преку водечката светска он лајн продавница Band Camp. Нивниот албум е без конкуренција најпродаваниот македонски музички продукт за 2019та во светот. Доколку сакате да го поделите ова сознание со остатокот од планетата, повелете, проверете ги следните линкови:

https://pmgjazz.bandcamp.com/album/odron-ritual-orchestra

https://daily.bandcamp.com/best-of-2019/the-best-jazz-albums-of-2019?fbclid=IwAR0lTlb5o1K17BWxcgr3Rr4ybk0Qxd4PhbJln4n7Oad5Xe3H12e4GXbMgxQ

https://ecoosfera.com/jazz-moderno-actual-contemporaneo-canciones-musica-fresca/?fbclid=IwAR1aG_frX3gm42U0INye2G4FgfA5PNg6lJpEoPUy1aw9T-NeATieTNnk4m0

https://daily.bandcamp.com/best-jazz/best-bandcamp-jazz-september-2019

http://tomhull.com/ocston/nm/notes/eoyjazz-19.php?fbclid=IwAR1dJqFSmwOUJ58QLNoikc7sBiXpF3Ai5rFd_VqPv3Dk6xp7J4kxeNTCXRk

Кога веќе стоите рамо до рамо со светските величини, вашата одговорност е да продолжите да создавате квалитет, па и квантитет. Сфаќајќи ја својата работа мошне сериозно, Светлост ни приредија пријатно изненадување во облик на сосем нов долгосвиречки проект, нов албум, под името Jazz (to the Working Class). Нивниот активен, па и амбициозен однос кон слободниот џез, а во овој случај и македонската етно музика доаѓа до полн израз, а публиката добива изненадувачки оригинално и автентично парче музика. Всушност покана за заедничка сонична авантура во предели кои вреди да се искусат, како со слушниот, така и со апаратот за фантазирање. Албумот излезе повторно за ПМГЏез, скопска дискографска куќа, која е цврсто решена да ги регистрира најквалитетните македонски изблици од оваа музичка област. Промоцијата на албумот ќе се случи во четврток, на 6 февруари од 21 часот, во реномираниот скопски локал Котур. ЦД од новиот албум по промотивна цена ќе може да се набави на лице место, а Светлост ќе бидат присутни со своите инструменти. Вашата приврзаност кон современата македонска музика ќе можете да ја искажете и на следниот линк, каде може да се набави он лајн новиот албум на Светлост.

https://pmgjazz.bandcamp.com/album/jazz-to-the-working-class