Нов музички подвиг: Миле Кузмановски покажа дека има срце храбро

Добивај вести на Viber

Песна за душа, за кафана и за добро расположение. Вака Миле Кузмановски го опиша новиот музички адут наречен „ Срце храбро“ проследен со спот.

-Само што ја слушнав музиката веднаш ми легна на душа. Текстот му го дадов на Александар Тарабунов, кој на мое изненадување го напиша само за еден час. Интересно е што авторот на музиката Драган Пејиќ –Пеја кој е од Босна и создава песни за пејачи од регионов, не го познавам лично. Песната ја добив преку Бобан Василевски кој соработува со него. Тие двајца се автори и на аранжманот. За целокупниот звук се погрижија и инструменталистите Војче Петрушев ( хармоника), Ташко Грујовски ( тамбура) и Зоран Крагуевски (кларинет) Миксот и мастерингот е на Бобан Василевски. Благодарност и до винарија „Стоби“ која ми овозможи да го направам проектот, но и да ве соберам новинарите на дружба со песна. Видеото го изработи „ Арт продукција“ Не планирам да направам српска верзија, доволен ми е македонскиот пазар – изјави Миле и откри тајна поврзана со зборовите на темата:

-Текстот е навистина одличен и во него ќе се пронајдат многумина. Имам срце храбро. А тоа сум го докажал и низ годините, како на приватен така и на професионален план – додаде тој.

-С.А.Н