Нова афера: Додека Пике ја изневеруваше Шакира, неговата љубовница го стори истото со Пеп Гвардиола! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Фото: Profimedia

Оваа верзија, кој кого изневерил, ја изнесе еден познат фотограф

Нова епизода во „сапуницата“ на Шакира и Жерар Пике. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Пике (како што е веќе познато) ја изневери Шакира со помладата Клара Чиа, а потоа следуваше развод. Но, потоа следеше уште една измама. Според новинарите, Клара го изневерувала Пике со никој друг туку со Пеп Гвардиола, некогашен тренер на Барселона, а сега на Манчестер Сити.

Фотографот Мартин тврди дека Шакира не била единствената што била изневерена и дека и Клара Чиа била неверна.

- Ќе му објаснам на светот како се случи големото предавство - изјави тој за „Univision“ и продолжи да ја разоткрива измамата.

- Веќе и кажав на Шакира дека имам доказ кога, како и каде е изневерена. Ќе спомнам две неверства. Едно од 2016-та година и она со Клара Чиа.

Како што објаснува понатаму, Клара била девојка на братот на најдобриот пријател на Пике, кој работел во Космос, компанијата на играчите на Барселона. Играчот организирал вечера за компанијата и таму била 23-годишната студентка, очигледно таа и Пике се заљубиле на прв поглед и почнале да излегуваат без да им кажат на партнерите.

- Тој оди на вечера со својата девојка Клара, а Пике ја зема девојката на својот пријател. Клара го изневеруваше своето момче, а Џерард ја изневеруваше Шакира.

Мартин објасни повеќе детали за неверството на Клара Чиа.

- Пике има најдобар пријател. Клара беше девојка на братот на пријателот на Пике. Уште кога се запознале, тој бил заљубен во оваа девојка. Пике тогаш мислеше дека Клара го оставила своето момче, кога почнала да излегува со него, но тоа беше делумно точно, бидејќи тогаш таа се „смува“ со Гвардиола - заклучи во приказната која повторно ќе предизвика големо внимание.

Извор: 24sedam.rs