Нова експозитура на УНИБанка во Капиштец

УНИБанка ја отвори својата нова експозитура која е лоцирана во скопската населба Капиштец. Ова е дел од сеопфатаната стратегија за проширување на мрежата на Банката со што таа станува се подостапна за своите клиенти, за физичките и за правните лица. Новата експозитура се наоѓа на улицата Народен фронт број 17 и впрочем е 32 експозитура на Банката во земјава.

УНИБанкае фокусирана на постојан развој и унапредување на бројот и на квалитетот на услугите кои ги нуди, а Банката стана своевиден лидер во промоцијата на уникатни производи на пазарот.

Од УНИБанка велат дека нивна цел е да ја зголемат достапноста на банката, да овозможат подобро корисничко искуство за сите клиенти.  И оваа експозитура ќе го опслужува сегментот население и правни лица. Работното време ќе биде од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Пред помалку од три месеци УНИБанка отвори нови експозитури во Аеродром и во новиот трговски центар во Скопје Ист Гејт Мол. Најавуваат дека процесот на унапредување и на ширење на мрежата нема да запре.

ПР објава