Нова локација на експозитурата на Силк Роуд Банка во Кавадарци

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите клиенти на банката од Кавадарци и тиквешкиот регион дека почнувајќи од денес (27.01.2020 година) настаната е промена на локацијата на експозитурата и банкоматот во Кавадарци. Новата локација на експозитурата и банкоматот е ул. Цано Поп Ристов бр. 5.

Работното време на експозитурата за работа со клиенти е од понеделник до петок, 08:30 до 16:30 часот, додека банкоматот е достапен 24/7.