Нова неволја: Северина повторно на суд, сега судијката ја тужи нејзе

Добивај вести на Viber

Постои можност Северина да треба да и плати 20.000 куни на Луција Ласиќ поради повреда на личните права. Во судските ходници се коментира дека Северина ја навредувала судијката на рочиштата.

Минатиот октомври на прес-конференција за новинари, Северина Којиќ (47) поврза едно актуелно случување со нејзината лична приказна и изјави:

„Не знам зошто сум изненадена што ова се случува кога во оваа земја ниту жени, ниту девојчиња имаат судска заштита и поддршка за физичко силување. И јас поминав низ слично силување во суд во Сплит, во судска постапка за обид за киднапирање на дете кај судијката Луција Ласиќ.“

Како резултат на овие изјави, судијката Ласиќ ја тужеше пејачката, на 28 февруари годинава во Градскиот суд во Загреб, за повреда на нејзините лични права и побара отштета во висина од 20.000 куни.

Во јануари оваа година, случајот во кој таа и поранешниот партнер, српскиот претприемач Милан Поповиќ, се борат за старателство над заедничко дете, повторно дошол на разгледување во суд, во Судскиот совет членувала судијката Ласиќ.

Судијката, која Северина јавно ја прозиваше за еден вид „силување“, беше назначена да донесува одлука за нејзината жалба против пресуда со која одлучува дека детето треба да живее со својот татко, а мајка му има право само да го посетува, тогаш на Северина и било одземено правото да одлучува за детето.

На седницата на судскиот совет, на 19 февруари годинава, судијата Ласиќ прв пат побара изземање од случајот. Нејзиното прво барање за изземање беше одбиено, но на 28 февруари, Ласиќ повторно побара изземање со образложение дека покренала граѓанска постапка за надокнада на штета против една од страните во постапката, имено Северина.

Претседателот на судот не можеше да го игнорира ова и случајот беше предаден на судијката Весна Кузмичиќ.

Претходно судијката Никиќ имаше пресудено таткото и мајката да поминуваат исто време со детето, односно детето живее со својот татко една недела, и со својата мајка една недела. И покрај ставот на судијката Ласиќ кој следуваше, Северина сепак почувствува потреба да ја спомене на прес-конференција за новинари.


Блиските ми ја продаваа интимноста за беспари: Северина повторно во фокусот