Новак Ѓоковиќ страда од сериозна болест

Добивај вести на Viber

Ако не направи одредени промени, неговата кариера може сериозно да биде загрозена.

Новак Ѓоковиќ страда од нарушување во исхраната што може да го уништи неговиот живот, според признатиот швајцарски нутриционист Јург Хосли. Дијагнозата што тој ја постави за најдобриот српски тенисер се нарекува орторексија. Новак, наводно, веќе долго време е во многу специфичен режим на исхрана, кој главно вклучува конзумирање на храна од растително потекло, но исто така целосно го исклучува месото во телото, велат српските медиуми.

Орторексија значи состојба во која едно лице е опседнато со здрава исхрана. Луѓето кои страдаат од орторексија често имаат симптоми на анксиозност кои можат да бидат поврзани со анорексија или други нарушувања во исхраната. Терминот „орторексија“ беше осмислен од д-р Стивен Братман во 1996-та година. Латинскиот збор „орто" значи точен и „orexia“ значи апетит.

За разлика од другите нарушувања во исхраната, орторексијата е состојба во која луѓето го следат квалитетот, а не количината на храна. Луѓето со орторексија не се фокусирани на губење на тежината за разлика од луѓето со анорексија или булимија.

Нутриционистот, исто така, рече дека Новак може да заздрави: „Тој треба повторно да почне да внесува јаглени хидрати и шеќери, но постепено за да се навикне организамот. Со индивидуална обука, Новак треба да се врати во нормала од три до шест недели.“