Новартис и Лек (Сандоз) донираa 100.000 долари на Институтот за јавно здравје

Добивај вести на Viber

Фармацевтската групација Новартис во Република Северна Македонија (Претставништво на Новартис Фарма и Лек Скопје член на компанијата Сандоз), донираше 100.000 долари на Институтот за јавно здравје со цел полесно справување на нашата земја со вирусот COVID-19, кој доби пандемски размери.

Како компанија на којашто општествената одговорност ѝ е еден од главните приоритети, сметаат дека вложувањето на компаниите во услови на пандемија е исклучително важно. Токму поради тоа, Претставништвото на Новартис Фарма и Лек (Сандоз) одлучија да одговорат на предизвикот и да дадат своја поддршка на надлежните институции во справувањето со состојбата предизвикана од COVID-19.

Со донираните средства ќе биде опремена уште една лабораторија за тестирање со целата потребната апаратура и тестови, со што ќе се обезбеди побрзо и полесно надминување на најголемата здравствена криза во нашата земја.

Глобалната швајцарска компанија Новартис, од која е дел и Лек (Сандоз), пред неколку дена објави дека ќе донира 20 милиони американски долари за земјите најпогодени од епидемијата на коронавирус. Новартис е силно посветен во глобалната битка против COVID-19 и насочен кон поддршка на глобалните здравствени системи.