Новата фризура падна во втор план: Љупка Митрова во чизми од 1690 евра (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Иако во последно време не е толку активна на социјалните мрежи, сепак пронајде начин за да направи бум...

Љупка Митрова, една од најпознатите струмичанки повеќе не е толку активна на социјалните мрежи како порано. Не споделува фотографии со истиот интензитет како порано, но сепак и со тоа малку што го споделува знае како да ги заинтригира своите следбеници.

Овојпат, таа сподели фотографија на која ја покажа новата фризура, но таа некако падна во втор план. 

Имено, на оваа фотографија најголемо внимание привлекоа нејзините брендирани чизми, кои вредат колку три просечни плати во Македонија. 

View this post on Instagram

A post shared by Ljupka Mitrova (@ljupka_mitrova)

Тесниот краток црн фустан, Љупка го искомбинира со високи чизми со црно-бел од брендот Balmain, кои чинат 1.690 евра.

Струмичканта и порано покажувала дека е сака на себе да носи брендирани парчиња, така што ова и не е толку изненадувачки за неа.

фото: Принтскрин / Инстаграм