Новиот смартфон Samsung Galaxy A53 5G пристигна во Северна Македонија!

Samsung Electronics неодамна го претстави својот нов модел Samsung Galaxy A53 5G, кој од денес е достапен во нашата држава. Станува збор за модел од најпопуларната А серија на паметни телефони што овозможува ново ниво на корисничко искуство за уживање во вашите омилени активности, содржини и апликации. Galaxy A53 5G се издвојува по подобрените карактеристики на камерата, новиот моќен процесор, исклучително цврстиот екран, како и уште подобро поврзување со екосистемот Galaxy. Препорачаната малопродажна цена во нашата држава за новиот Galaxy A53 5G почнува од  25.999 денари.

Одлична камера - секогаш остра и стабилна

Со моќен систем од четири камери, Galaxy A53 5G носи напредни можности за фотографирање и снимање со OIS камера од 64 MP и предна камера од 32 MP. Дополнителна предност е технологијата VDIS, која обезбедува стабилизација на сликата при снимањето за кристално чисти видеа. Камерите користат и технологија за вештачка интелигенција, која во комбинација со напредниот Night Mode, гарантира дека фотографиите, дури и при слаба осветленост, изгледаат беспрекорно. Понатаму, има подобрен Portrait Mode за одлични селфиња и Fun Mode кој на корисниците им овозможува голем избор на забавни филтри, а со функцијата Object Eraser ќе ги отстраните несаканите објекти во позадина.

Атрактивен и одржлив дизајн

Galaxy A53 5G има неверојатно функционален и истовремено модерен изглед, украсен со Ambient Edge дизајн кој беспрекорно ги поврзува камерите со самиот уред, додека тенката рамка создава уште пософистициран визуелен впечаток. Како дел од иницијативата Samsung Galaxy for the Planet - чија цел е зачувување на планетата - пакувањето на уредот Galaxy A53 5G е направено од хартија изработена од одржлив извор, а се користат и рециклирани материјали за страничните копчиња и слотови за SIM картичките. Со својот атрактивен дизајн, Galaxy A53 5G се вклопува со останатите Galaxy уреди придонесувајќи за уште најдобро корисничко искуство. На пример, Galaxy A53 5G може да се поврзе со слушалките Galaxy Buds кои благодарение на технологијата 360 Audio , овозможуваат навистина импресивен 3D звук.

Исклучително издржлив екран и безбедност на високо ниво

Новиот 5nm процесор е одговорен за неверојатните перформанси на смартфонот Galaxy A53 5G. Однадвор опремен со екстремно издржливо заштитно стакло Gorilla® Glass 5, 6,5-инчен Super AMOLED екран со брзина на освежување од 120 Hz, ќе обезбеди непречено корисничко искуство и импресивен приказ на содржината. Со цел корисниците безгрижно да уживаат во прелистувањето на саканата содржина, смартфонот го содржи IP67   стандардот за отпорност на вода и прашина, додека со супер брзото полнење од 25W , сите активности можат да траат подолго. Galaxy A53 5G, исто така, на своите корисници им обезбедува безбедност на високо ниво со својата Samsung Knox платформа, додека приватните фотографии и документи, се заштитени со Secure Folder - шифриран дигитален сеф. Исто така, уредот ја вклучува и практичната функцијата Samsung Wallet , со која сите лични документи, пасоши, кредитни картички на корисникот ќе бидат заштитени.

Samsung Galaxy A53 5G достапен е во неколку бои -  Феноменална црна, Феноменална бела, Феноменална сина и Феноменална праска, по препорачана малопродажна цена од 25.999 денари. Со купување на Galaxy A53 5G добивате подарок безжични слушалки Galaxy Buds Live во Mystic Black боја. Промоцијата трае од 1 април до 30 април или до истек на залихите и се однесува на сите што ќе се пријават преку апликацијата Members  најдоцна до 15 мај. Повеќе информации може да најдете на https://www.samsung.com/mk/offer/galaxy-a53-5g-promotion/ 

###

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја прес-салата на Samsung на http://news.samsung.com 


ПР објава