Новите фотки од Џеј Ло покажуваат дека без помош од професионални шминкери и фризери и таа е типична 51-годишна жена

Добивај вести на Viber

Пејачката и актерка Џенифер Лопез беше фотографирана во природно издание неколку дена откако ја раскина свршувачката со Алекс Родригез.

Џеј Ло беше фотографирана пред студиото каде снима нов филм, а беше во лежерна облека: носеше бела тренерка, а косата ѝ беше природно пуштена.

Сепак, нејзиното лице привлече најголемо внимание.

Иако несомнено е дека Џенифер изгледа прекрасно, може да се забележи разликата помеѓу нејзините фотографии од Инстаграм и оние направени од папараците. 

Таа тврди дека никогаш не користи филтри и програми за обработка на фотографии, но сепак се чини дека тоа не е баш така. Бидејќи без помошта од професионални шминкери и фризери, како и обработка на фотките, и Џеј Ло е типична 51-годишна жена како и сите останати жени на тие години. 

И во несредено издание и кога е максимално дотерана, нејзината убавина не може да ја оспори никој, но важно е да се напомене дека ни светските ѕвезди не се совршени како што се претставуваат на социјалните мрежи. 

фото:profimedia

Поврзани вести: 

Мислевме дека е само ботокс, но тие користат екстремни третмани: Ѕвездите и „природниот изглед“