,

OСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД СТРЕСОТ: Почнете да трчате

Добивај вести на Viber

Охрабрувачки е да се знае дека можеме да ги победиме негативните влијанија кои стресот ги има на нашиот мозок, со тоа што ќе излеземе надвор и ќе трчаме, вели Џеф Едвардс, истражувач. Истражувањето е направено на тој начин што експериментални глувци биле поделени во четири групи: Мирување без стрес, вежбање без стрес, вежбање со стрес и мирување со стрес. „Идеална состојба да ги унапредиме способностите за учење и помнење е да немаме стрес и да вежбаме. Не можеме да го контролираме нивото на стрес во нашите животи, но можеме да го контролираме нивото на вежбање“- додава Едвардс. Било утврдено дека глувците кои вежбале имале добро паметење, како и оние кои мирувале, но не биле под стрес. Сепак, кај оние кои вежбале под стрес било забележано подобро однесување после вежбите, а исто така и подбрување на помнењето. Истражувањето покажало дека вежбањето на ефективен начин ги штити механизмите за учење и помнење.