Објавен распоредот за фестивалот Skopje Calling

Добивај вести на Viber

Авалон продукција го објави комплетниот распоред за четиридневниот фестивал SKOPJE CALLING 2018.

Фестивалот го отвораат AXWELL & INGROSSO на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а  како специјално изненадување доаѓа француската атракција NOUVELLE VAGUE, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер.

На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендовина сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.

Фестивалот се затвара со последната голема ѕвезда на електронската музика, ALAN WALKER, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.


Сите оние што имаат купено влезници за ALAN WALKER за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни. Локациите за настапите на SISTER BLISS и ROGER SANCHEZ ќе бидат објавени следната недела.

Цените на влезниците за настаните се следни:

AXWELL & INGROSSO:ПАРТЕР 2- 1000 денари, ПАРТЕР 1- 1500 денари

ФАН ПИТ- 2000 денари. За MORCHEEBA & NOUVELLE VAGUE:

ПАРТЕР- 1000 денари,  ФАН ПИТ- 1500 денари. За TEXAS & DARKO RUNDEK: ПАРТЕР- 1000 денари, ФАН ПИТ- 1500 денари. За  ALAN WALKER: ПАРТЕР- 1000 денари, ФАН ПИТ- 1500 денари

Од понеделник, 28 мај, ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од: 2000 денари за партер и 3.00 денари за фанпит.