„Обландите на мајка ми“: Традиционален рецепт кој се пренесува со генерации
Одличен рецепт кој се пренесува со генерации. Лесен, едноставен и брз. За мајките кои постојано некаде бразаат, овој сладок рецепт со традиција е одличен за десерт во семејството.
Состојки:
1 голема обланда
300 мл. млеко
400 гр. шеќер
2 кесички ванилин шеќер
250 гр. путер (маргарин)
250 гр. мелени ореви
250 гр. мелени бисквити со вкус на путер
малку зачин што не се купува, а тоа е љубов
Подготовка:
1.Оставете го млекото да зоврие и додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер,мешајте постојано додека не се растопи, а потоа додадете ги мелените бисквити и оревите.
2.Наполнете ги обландите со врелиот фил, освен на последната обланда. Кога ќе завршите со филување, врз последната обланда ставете некој тежок предмет за да се зацврсти колачот.
Откако ќе отстои неколку часа, десертот е подготвен за служење. Добар апетит!