Облека што треба да ја има секоја бремена жена

Добивај вести на Viber

Која е основната облека што треба да биде во вашата гардероба во текот на 9 месеци за да се чувствувате удобно и стилски. Идни мајки, читајте:

Удобен градник

Како што знаеме за време на бременоста, градите се менуваат, не помалку од абдоменот. Некои жени растат, други не, но факт е дека тие се многу почувствителни од порано. За да се чувствувате удобно, важно е да најдете градник кој ја поддржува градата без да го затегнувате. Трик што може да ве спаси во првите месеци е користење на градник кој се растега. Со текот на времето, сепак,  ќе треба да ја смените големината на вашата долна облека. 


Бикини и долна облека со висок струк

Обичните бикини кои сте ги купиле пред бременоста по 3 месеци ќе почнат да ве затегнуваат. Затоа мора да бидете подготвени за тој момент. Имате неколку опции: Може да се одлучите на гаќички со низок стук кои се под вашиот растечки стомак или оние со висок што минуваат низ стомакот и целосно го покриваат. Вистина е дека високите бикини не се најсекси долна облека што можете да ја изберете, но тие се многу удобни. Клучот за избор на долна облека е да се бараат модели од меки и еластични ткаенини кои нема да ја иритираат кожата околу стомакот.

Туника

Најдоброто од туниките е нивната разновидност - можете да ја носите само неа или врз други блузи и кошули. Во овој период се соодветни и волнени блузи. Слично на туники, тие се повеќе шарени и слободни. Освен тоа, можете да ги носите или со хеланки или фармерки, или со здолниште.


Долга наметка

Долгата наметка не е само удобна, ја обликува силуетата и често е причината што изгледа совршено. Затоа е една од облеката која треба да биде присутна во плакаротн на идна мајка. Ќе ја истенчи твојата силуета и ќе изгледате послаби.

Хеланки

Еластичните хеланки се исто така едно од омилените парчиња алишта на жените. Тие се многу практични и мултифункционални и се прилепуваат како втора кожа без затегнување. Можете да ги користите или во комбинација со маица или долга кошула .


Фармерки со ластик

Инвестирајте во неколку парови на квалитетни фармерки за бременост - модели кои лесно можете да ги комбинирате со облеката во вашата гардероба и да ја соберете вашата фигура. Ние ве охрабруваме да изберете едноставни модели без многу дополнителна декорација.