Обожуваната јутјуб мајка, била монструм за сопствените деца: Животот им бил пекол - Имале отворени рани и ги изгладнувала
Поранешната јутјуберка Руби Франк и нејзината деловна партнерка Џоди Хилдебранд беа осудени на четири затворски казни од 1 до 15 години, откако минатата година се изјаснија за виновни за четири точки од обвинението за злоупотреба на деца.
Максималната казна за секоја жена може да биде 60 години зад решетки, но вкупната казна ќе ја одреди Одборот за помилување и условни отпуштања на Јута.
Франк плачеше на суд
На суд Френк се расплакала додека на својот поранешен сопруг Кевин Франк, кој бил присутен во судницата, му кажала дека тој е љубовта на нејзиниот живот.
- Жал ми е што те оставам да го завршиш она што двајцата го започнавме заедно. Крајот на нашиот брак е трагедија, а ти беше завиткан околу моето срце.
Френк не се свртела да се соочи со нејзиниот поранешен сопруг, кој исто така бил трогнат до солзи додека седел со наведната глава зад неа во судницата. Таа им се извинила и на своите шест деца за страдањата што им ги нанела.
- На моите бебиња, моите шест мали пилиња. Тие си дел од мене. Сега гледам дека во изминатите четири години бев во длабока подводна струја која не доведе во опасност. Никогаш не би ве однела свесно во темнина... Ме наведоа да верувам дека овој свет е злобно место. Зедов од вас се што беше меко, безбедно и добро. Ви ја одзедов од вас вашата мајка. Колку ова е застрашувачко за вас… Толку сте драгоцени за мене… Жал ми е.
Таа, наводно, му рекла на судијата Волтон: „Понизна сум и подготвена да ја отслужам затворската казна... Разбирам дека за ова ќе биде потребно време“.
Пред изрекувањето на пресудата во вторникот, поранешниот сопруг на Руби, Кевин Френк - кој претходно бараше Хилдебрант да плати за лекувањето на нивните деца - повика да оди во затвор.
„Веруваме дека судијата ќе ги казни и двете на 1-15 години по секоја од четирите точки од обвинението, а потоа ќе дозволи Одборот за помилување на државата Јута да одлучи дали таа треба да се намали или да се наметнат други услови“, рече неговиот адвокат во изјава.
Руби го водеше каналот на Јутјуб „8 Passengeres“ заедно со сопругот и шесте деца, а со своите следбеници споделуваше семејни настани и анегдоти од нивното секојдневие. Ова насмеано среќно семејство всушност криеше голема тајна.
Еве што се случило
Мајката инфлуенсерка е уапсена во Јута откако едно од нејзините деца избегало низ прозорец. Соседите го пронашле детето на улица со, како што пишуваат медиумите, „отворени рани и изолаторна лента околу екстремитетите“. Детето молело за храна и вода и изгледало изнемоштено и неухрането.
- Состојбата на малолетникот била толку сериозна што веднаш бил прегледан, а потоа префрлен во болница. Полицијата добила дојава дека во куќата има и други малолетници во слична состојба и извршила претрес. Пронајдено е уште едно дете со знаци на неухранетост и исто така е пренесено во болница, соопшти полицијата.
Во семејната куќа на инфлуенсерката полицијата пронашла и докази „поврзани со повредите што ги имало детето“, а вкупно четири деца биле ставени под надзор на социјални работници.
Руби и нејзиниот сопруг Кевин имаат шест деца - Шери, Чад, Аби, Џули, Расел и Ив. Тие почнаа да снимаат за Јутјуб уште во 2015 година до „инцидентот“ кој поремети се, па беше затворен на почетокот на оваа година по критиките за мајката.
Нејзините следбеници имале мислење дека нејзиниот метод на воспитување и лекување деца е насилен, како и дека често дава навредливи коментари. Откако каналот беше затворен, Руби започна подкаст со Џоди Хилдебранд, која исто така беше уапсена.
Правдата ќе биде задоволена
Најстарата ќерка Шери се огласи на Инстаграм и напиша само еден збор покрај фотографијата од полициските автомобили пред куќата - „конечно“. Потоа таа ги кажа деталите.
- Денеска беше голем ден. Јас и моето семејство сме пресреќни што правдата ќе биде задоволена. Со години се обидуваме да го свртиме вниманието на полицијата и Центарот за социјална работа и ни е драго што конечно решија да преземат нешто, напиша таа.
На социјалните мрежи се огласија и сестрите на уапсената инфлуенсерка каде порачаа дека Руби одамна требало да биде уапсена.
- Последниве три години молчевме за нашата сестра заради безбедноста на нејзините деца. Далеку од очите на јавноста, се потрудивме се за да ги заштитиме најмалите. Руби и Џуди беа уапсени и тоа мораше да се случи, сега приоритет е состојбата на децата, напишале трите сестри на уапсената инфлуенсерка.
Руби и нејзиниот сопруг се членови на Црквата на Исус Христос на светиците од подоцнежните денови и во нивните видеа пропагираат дека децата мора да ги прифатат „принципите на вистината“. Ако не го направат тоа, се сметаат за неспособни за безусловна љубов и мора да бидат „отсечени од семејството“.
Тие споделија се во нивните видеа, вклучувајќи ги и начините на кои треба да ги казните вашите деца, а во едно видео беше откриен грозоморен детал. Нивниот син Чад како казна морал да спие на „мрзливиот кревет“ седум месеци, додека на нивната 6-годишна ќерка не и ја носела ужината во блиското училиште кога ќе го заборавила. На децата исто така им бил ускратен личен простор, а доколку биле непослушни ги казнувала со фрлање на омилените работи или играчки.
Фото:Извор: Zena.blic.rs