Образованието им е дискутабилно, но затоа заработуваат илијадници евра на ден: Овие српски ѕвезди немаат ни средно образование
Тие се популарни, атрактивни и заедно имаат милиони следбеници на социјалните мрежи и безброј фанови. Но, нивното образование е во втор план...
Пример, Јелена Карлеуша, била една од најбунтовните ученички, но сепак успеала да го заврши средното училиште, пишува Мондо. Јелена може да се пофали со диплома од средно образование, за разлика од нејзината колешка Александра Пријовиќ.
„Основно училиште завршив во Бели Манастир и бев одличен ученик. Потоа се запишав во средно училиште и редовно завршив три години, но не завршив четврта година. Едноставно животот ме однесе на другата страна. Кога ќе ви се случи нешто за кое отсекогаш сте сонувале, како пеењето, тогаш игнорирате се друго. Конкретно, јас го занемарив училиштето“, рече пејачката и додаде:
„Многу патував поради музичкото натпреварување за Белград и часовите ги оставив на страна. Не можам да кажам дека не се срамам што не завршив четврта година. Се каам и дефинитивно сакам да го завршам училиштето“, изјави Александра Пријовиќ, која завршила само три години средно училиште.
Покрај Пријовиќ, снаата на Брена, само со основно образование се стекнале: Љуба Аличиќ, Ера Ојданиќ, Зорица Марковиќ, Злата Петровиќ. На оваа листа е и Хасан Дудиќ, а долго време се зборува дека и Дара Бубамара нема средно образование.
Едита Арадиновиќ има завршено само осум одделенија, основно училиште. Се запишала на Средното техничко училиште за дизајн на кожа, но престанало да ја интересира и никогаш не го завршила.
И Весна Змијанац е една од оние кои завршиле само основно училиште, а првата интимна врска ја имала со професор по математика.
„Првиот сексуален однос го имав со мојот професор по математика, мојата тајна љубов. Иако бев малолетна, изгледав постаро за мојата возраст. Шминката и гардеробата придонесоа моето веќе обликувано тело да се истакне уште подобро. Разликата во години не ми пречеше. Бев импресионирана што возрасен човек со авторитет на учител ми обрнува внимание и посветува време“, изјави во една прилика пејачката, која нема завршено средно образование, но има завршено курс за дактилографирање.
Се разбира, не се сите необразовани.
Има и од оние со завршено средно образование: Светлана Цеца Ражнатовиќ - земјоделски техничар, Индира Радиќ завршила средно за медицинска сестра, Халид Муслимовиќ исто така завршил средно.
Драгана Мирковиќ и Мира Шкориќ завршиле средно образование, како и Сека Алексиќ средно за фризерка.
А ова се најобразованите пејачи на српската естрада, кои можат да се пофалат со факултетски дипломи:
Неда Украден има две дипломи, дипломирала на Правен и Филолошки факултет, Здравко Чолиќ - економски факултет, Драгољуб Ѓуричиќ и Жика Миленковиќ дипломирале на Академијата за ликовни уметности, Сузана Манчиќ дипломирала на Правниот факултет, како и Нада Обриќ.
извор:stil.kurir