Од 3000 минувачи поразувачки 3% оствариле контакт: „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“ - уметничка акција во Скопје

Уметничка акција „Допри ме“ денеска беше спроведена во центарот на Скопје од неколкуммина активисти и истата беше посветена на малечката Ембла, чие што отфрлање од средината, пред очите на јавноста, уште еднаш не' потсети на нетолерантноста на сите нас кон се' она што е различно.
„Овој случај мора да не потсети и на стотиците други деца и возрасни кои секојдневно се соочуваат со слични ситуации, но не на очиглед на јавноста“ - велат овие активисти.

Тие на своите тела носеа натписи „И јас имам Даунов синдром, те молам допри ме“, надевајќи се дека на тој начин ќе остварат директен контакт со граѓаните и ќе ја сензибилизираат јавноста за овој проблем, барем малку придонесувајќи кон зголемување на толеранцијата кон различните.

Интересен е податокот дека во рамките на денешната акциија која беше спроведена во центарот на Скопје во времетраење од неколку часа, од околу 3000 минувачи кои поминале во непосредна близина на активистите - само поразувачки 3% или нешто помалку од 100 луѓе оствариле контакт односно ги допреле активистите. 

По Скопје деновиве акцијата ќе биде спроведена и во уште неколку градови низ Македонија.