Од бес, Цеца ја кубеше косата: Еве што се случувало зад затворени врати
Светлана Цеца Ражнатовиќ мина четири месеци во Централниот затвор во 2003 година, но тајната за тоа што се случи таму беше откриена дури сега. Таа беше приведена
поради обвинението за нелегална продажба на десет фудбалери на Ф.К.Чуварот на Централниот затвор сега му ги откри на светот долго чуваните тајни. Таа вели дека Ражнатовиќ по ништо не се разликувала од другите затвореници, дека немала посебни услови, но дека и било многу тешко да го поднесе
„Цеца немаше никаква посебна заштита се однесувавме кон неа како и сите други затвореници. Не и беше лесно, често плачеше, а еден ден од бес сама си ја искуба и извади надградбата на косата. Беше сама во ќелијата некое време, а потоа ја преместија во соба со уште неколку жени иако таа молеше и плачеше да ја остават сама.Исто така и беше тешко бидејќи не можеше да запали цигара кога сакаше, па постојано не викаше нас стражарите да и запалиме цигара, но тоа не е така, си има одреден редослед. Знаевме да ја замолиме да ни пее нешто, а таа секогаш бараше цигара за возврат“, вели чуварот Ц.З. наведува дека пејачката морала да помине низ истата законска процедура како и сите други кои се донесени:
„Таа навистина не доби никаков посебен третман. Кога некој е уапсен, законска процедура е да се соблече, да се наведне, поинаку кажано целосен преглед. Тоа е она што секоја затвореничка треба да го направи за да можеме да провериме дали е чиста и дека ништо не крие.Секако дека Цеца не сакала, но морала.Нејзината сестра Лидија била во собата со Дафина Милановиќ, познатата креаторка на Дафимент банка, па немала контакт со Цеца.Таа постојано плачеше затоа што и недостигаше семејството, особено децата. Но беше крајно дисциплинирана“.
По четиримесечниот притвор, пејачката морала да мине осум месеци со баба и во нејзината вила на Дедиње.
„Поминав четири месеци во ќелија од два на два метри во нехумани услови. Од моментот кога ме уапсија до средината на мај, се смрзнав во ќелијата, ми замрзнаа коските“, изјави Цеца на Свет по излегувањето од притвор.
kurir.rs/svet/