Од Босна замина со еден куфер, живееше во 14 квадрати и почна од нула: Светот ѝ се восхитува на најубавата Србинка

Добивај вести на Viber

Најубавата Србинка која живееше во 14 квадрати успеа од нула да дојде до големиот сегашен успех

Србинката Моника Радуловиќ е родена во 1990-та година во Босна. Кога имала 4 години, нејзиното семејство за време на војната побегнало во Австралија. Инаку, нејзините родители се Срби, а животот го изградиле од нула на далечниот континент.

Моника стана манекенка и мис Австралија, што ја прослави низ целиот свет.

View this post on Instagram

A post shared by Monika Rad (@monika_rad)


- Мама, тато, брат ми и јас живеевме во соба од 14 квадрати. Не ни беше лесно бидејќи во Данска дојдовме само со еден куфер. Моите родители мораа да се снаоѓаат најдобро што можеа, работеа разни работи за да не прехранат... - изјавила Радуловиќ, која подоцна со семејството се преселила во Австралија.

Моника постигна успеси во сите области од животот, како на деловен, така и на љубовен план. Се омажи за Александар Љубичиќ, со кој пред две години го доби синот Лука. Двојката во март 2018-та година размени свадбени завети, а пред тоа беа заљубени четири години, а сега добија и уште едно дете.

View this post on Instagram

A post shared by Monika Rad (@monika_rad)


Титулата Мис Универзум ја доби во 2015-та година, а покрај кариерата во манекенството, не го запостави образованието - дипломираше психологија во Сиднеј. Таа се прослави и со учеството во австралиската верзија на реалното шоу „Преживеан“.

View this post on Instagram

A post shared by Monika Rad (@monika_rad)


Извор: stil.kurir.rs