Oд Брижит Макрон и Шерон Стоун до Констракта: Дами во моќни бели комбинации (ФОТО)
Се чини дека најзабележителните стајлинзи во последните неколку дена се бели како снег. Најпрво првата дама на Франција, Брижит Макрон, на инаугурација се појави облечена во впечатлива бела облека, а потоа Констракта со својата белина ја засени шареноликоста на тиркизниот тепих за време на парадата на учесниците на отворањето на Евровизија во Торино.
На инаугурацијата на францускиот претседател Емануел Макрон, која го означи почетокот на неговиот нов петгодишен мандат на чело на државата, сите очи беа вперени во неговата сопруга Брижит, која за оваа важна пригода носеше едноставна, сведена и моќна бела комбинација.
Брижит остави силен, ефективен впечаток, а облече бел фустан до колена со директен крој, со квалитетна, пократка јакна со прерамки и низа копчиња. Со дијамантски обетки и впечатливи бели салонки со метален нос и вртоглаво високи потпетици, Брижит доби само позитивни критики на сметка на нејзиниот стајлинг.
Веќе пишувавме за тоа дека женските костуми се голем моден тренд веќе неколку сезони, особено растечката популарност на белата варијанта.
Овие комбинации се женствени, ефективни и многу елегантни, а како што вели познатата стилистка Рошел Вајт, ваквите одела се безвременско парче со кое нема грешка.
Неверојатно прекрасно издание облече и единствената Шерон Стоун на Кански филмски фестивал.
Токму во таков стајлинг, елегантен и женствен беше видена поранешната принцеза Теса од Луксембург, која на Инстаграм се пофали и со овој моден класик.
Белиот костум ја маѓепса и Меган Маркл, која за своето прво појавување во Европа по Мегзит избра елегантен бел костум со потписот на Валентино.
Секако за пофалба беше и белото моќно одело кое го носеше Констракта на овогодинешната Евровизија.
Насловно фото: ЕPA/Instagram