Од штикли не се откажува дури ни кога ќе скрши нога: Најневеројатната фотка од Викторија Бекам која сте ја виделе
Патерици, ортопедска чизма и салонка со потпетица - само Пош Спајс го може тоа!
- Едноставно не можам да се концентрирам на рамни обувки - изјавила Викторија Бекам во 2008 година во шоуто Добро утро Британија.
Судејќи според сѐ - не претерувала и навистина нема живот без штикли.
Високите потпетици се многу важен дел од стилот на познатата дизајнерка и поранешна членка на групата Spice Girl, а сега знаеме и колку. Имено, таа е фотографирана во Париз како оди облечена во салонка на едната нога и ортопедска чизма на другата.
Викторија Бекам деновиве престојува во Франција, бидејќи својата нова колекција планира да ја претстави на модната недела во Париз, а во неколку наврати е видена на улиците на градот на светлината.
Популарната Пош Спајс во два наврати е фотографирана како оди со патерици, со ортопедска чизми на левата нога, додека десната е на високи потпетици.
Што ѝ се случи на Викторија Бекам?
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам пред неколку дена на Инстаграм сподели дека креаторката ја скршила ногата на тренинг.
- Се испостави дека малата несреќа на мојата сопруга во теретана е скршеница - напиша поранешниот фудбалски ас.
Викторија претходно си го честиташе Денот на вљубените со фотографија од мраз на ногата, кога откри дека паднала за време на вежбање, но тогаш не знаеше колку е сериозна состојбата.
ФОТО: Инстаграм