Одговорност е да се пее песна од Тоше

Добивај вести на Viber

Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК и Антониа Гиговска за прв пат настапија во дует, пеејќи ја „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, хитот на Тоше Проески. Спонтаниот дует се случи на снимањето на емисијата „Нешто се крчка“ на „Тв 21“, чиј автор и водител е Ненад Ѓоргиевски.

Сосема случајно испадна да се пее таа песна. Бендот кој е во емисијата правеше проба, и јас спонтано го земав микрофонот, во тој момент влезе Антониа, и како врвен пејач дојде, си зема друг микрофон и излезе еден сосема несекојдневен спој.- Панчо и Антониа

По овој настап, Панчо вели дека чувствувал одговорност што испеал песна од Тоше.

„Па, сосема случајно испадна да се пее таа песна. Бендот кој е во емисијата правеше проба, и јас спонтано го земав микрофонот, во тој момент влезе Антониа, и како врвен пејач дојде, си зема друг микрофон и излезе еден сосема несекојдневен спој.Мене искрено ми е една од најомилените негови песни. За трема можеби немав, но одговорност и тоа каква, бидејќи станува збор за пејач кој не знам дали некогаш воопшто ќе се роди повторно. Излезе сосема спонтано и можеби помина добро, би имал сигурно трема ако треба наменски да се пее или на претходно договорено, вака мислам дека случајноста ми ја уби тремата“, ни изјави Панчо.

Тој додаде дека не исклучена можноста, тој и Андреј како ДНК да снимат дует со Антониа, најмногу поради тоа што работат со ист продуцент, Лазар Цветкоски.

„Лично јас, но и ние како ДНК сме секогаш отворени и несебични за да помагаме на талентирани млади артисти. Антониа е пред сѐ многу воспитано и културно девојче, која според мене има огромен потенцијал и одлични вокални способности. Јас и предвидувам одлична кариера, под услов ако го слуша нашиот заеднички продуцент, Лазар Цветкоски“, изјави Панчо. Тој е познат како најголем поддржувач на колегите од домашната музичка сцена. Неодамна, беше на концерт на Каролина Гочева со неговата колешка и пријателка Елена Ристеска, а беше меѓу првите кој на својот фејсбук-профил ја сподели дует-соработката на браќата Тавитјан и Раде Шербеџија во песната „Болен ми лежи“, како и новиот сингл на Антониа.

ДНК во моментов се актуелни со новиот сингл „Пола човек“, а Антониа со песната „Слаба страна“.

За Женски магазин, Милица Џаровска