Одлична за слабеење: Сувата слива помага во решавањето на сите проблеми со варењето на храната

Добивај вести на Viber

Доволно е да изедете и една дневно!

Сливата е најстариот народен лек за регулација на варењето на храната. Таа е природен лаксатив, на кој организмот не станува отпорен, како и во повеќете случаи кога станува збор за други производи. Поради тоа што содржи пектин кој набабрува во цревата, сливите ја омекнуваат столицата, што е важно во лекувањето на хемороиди или цревни заболувања.

Сувите сливи се неверојатно добри за варењето, но важна е и постапката на сусеше. Секогаш се подобри оние кои имаат семки и не треба да јадете повеќе од три до пет сливи на ден.

Сливите се многу богати со растителни влакна. Кога се користат како решение за запек, најдобро е да се јадат на празен стомак, а во останатите случаи, најдобро е да се сварат како компот, од три до пет сливи на ден. Тие имаат многу растителни влакна, а со варењето уште повеќе набабруваат. Со варењето исто така се губат шеќерите, па така варените сливи можат да ги јадат луѓе со дијабетис - тип 2.

Како и кај сите овошја и зеленчуци во темна боја, како цвекло и грозје, сливите се богати со пигментот антоцијанин, што е одличен во борбата против слободните радикали. Сувите сливи се добри и за зајакнување на коските, бидејќи имаат одличен однос на калциум и витамин Д.

Важно е да се знае дека бремените жени не треба да консумираат сливи за да не дојде до дијареја кај бебето. На спортистите им е дозволена малку поголема дневна количина, до седум сливи на ден, по тренинг, за да избегнат дијареја.

Доколку не сте во можност дома, по природен пат да ги исушите сливите, „Нутини“ има решение за вас. На полиците во маркетите побарајте ги сувите сливи на „Нутини“, без да се посомневате во квалитетот. 

фото: Profimedia