Одморот ѝ се претворил во пекол: Девојка направила грешка додека се сончала, поради изгореници ќе има лузна до крајот на животот

Грижете се и за вашите усни додека сте на плажа

Британката Ели Жан (19) од Манчестер дознала за тоа на потешкиот начин додека била на одмор во Португалија. Имено, таа немала поим дека нејзиниот одмор ќе се претвори во ноќна мора и дека лузната ќе ја носи на усните до крајот на животот.

- Јас користам вазелин наместо сјај за усни и секогаш го имам со мене. Си ставив на усните на плажа и дремев додека се сончав. Кога се разбудив, сфатив дека имам плускавец на долната усна. Отпрвин мислев дека е херпес, па ставив крема спецјално за него, но ништо не помогна, дури и ја влоши ситуацијата – изјавила Ели, а пренесува британски Сан.


Следното утро, долната усна на Ели била целата со плускавци.

- Меурчињата почнаа да пукаат секогаш кога ќе се обидов да јадам. Не можев да ги движам усните кои крварат и беше многу болно. Се чувствував како да горам. Не можев да мрдам со устата, да зборувам, да јадам... се пукаше и крвареше - се пожали Ели.

- Откако пукнаа плускавците, останаа ужасни красти. Не смеев да излезам од дома без маска. Беше страшно – додаде таа.


- Докторот ми кажа дека изгорениците на усните се честа појава кај жените на кои им биле ставени филери. За време на овој третман, кожата на усните се протега и станува потенка и почувствителна. Последен пат ставив филери во усните во ноември минатата година – изјавила Ели.

Знам дека има балсами за усни со заштитен фактор, но мислев дека вазелинот е доволен. Немав поим дека такво нешто може да ми се случи – додала таа.



Фото: Printscreen/Ellie Jean/The Sun