Одржливост преку издржливост: Samsung нуди 20-годишна гаранција за клучните компоненти на повеќето домашни апарати
На виртуелниот настан „Bespoke Home 2022“ во јуни, Samsung ја претстави
својата визија за одржливи домашни решенија засновани на концептот на нарачани
уреди кои се прилагодуваат на корисниците и обезбедуваат ефективни решенија во
согласност со нивниот животен стил. Овој концепт вклучува намалување на отпадот
со продолжување на животниот циклус на домашните апарати на Samsung преку
доверливост, бидејќи честата замена на домашните апарати произведува физички
отпад, но исто така троши време и енергија. Компанијата Samsung континуирано
вложува големи напори за намалување на овој отпад преку развивање одржливи
решенија засновани на издржливост, па на своите корисници им обезбеди
20-годишна гаранција[1]
за дигиталните инвертер мотори [2]и
компресори.
Инвестирање во квалитет
Samsung е посветен на обезбедување висококвалитетни, издржливи апарати за домаќинство кои го подобруваат квалитетот на животот во домот, а со воведувањето на 20-годишна гаранција за клучните компоненти на повеќето од нивните апарати, тие направија уште еден голем чекор напред. Првично, гаранцијата обезбедуваше 10-годишна гаранција за Европа и САД, додека ова зголемување на 20-годишна гаранција ја одразува довербата и посветеноста на Samsung за развој на уреди.
Посветеноста на Samsung започна со истражување и развој. Преку децении континуирани инвестиции, Samsung може да им понуди на своите клиенти домашни апарати кои ги комбинираат најнапредните технологии со прекрасен дизајн, а во исто време го подобрува целокупното животно искуство на корисниците внатре во домот. Токму за тоа сведочат најновите уреди на Samsung.
Од фрижидери до машини за перење, секој апарат на Samsung поминува низ фаза на строга гаранција за квалитет во која апаратите се темелно тестирани за да се обезбеди нивна правилна и долгорочна работа. Овој детален процес на тестирање на квалитетот е една од клучните причини зошто уредите Samsung се препознаени по нивниот квалитет, особено Samsung Digital Inverter Technology (DIT).
Трајност произлезена од децении на иновации
Дигиталната технологија на инвертер е клучна компонента на домашните апарати. Изграден на повеќе од 25 години истражување и развој, DIT влијае на сè - од енергетска ефикасност, перформанси до издржливост на уредите како што се фрижидери и машини за перење. Како таква, заштитата на интегритетот на оваа важна компонента со 20-годишна гаранција го продолжува периодот на користење на уредот, го намалува создавањето на отпад што ѝ штети на животната средина и им обезбедува на корисниците целосен мир при користење на уредот.
Во машините за перење, DIT доаѓа во форма на дигитален инвертер мотор (DIM) кој се користи за центрифугирање и пулсирање на барабанот на машината за перење за време на циклусот на перење. Една деценија опширно истражување на Samsung и стручно инженерство значи дека Samsung DIM се понапредни во неколку аспекти во споредба со оние мотори кои се наоѓаат во традиционалните машини за перење.
Дигиталните инвертери на Samsung обезбедуваат поголема прецизност и моќност, додека произведуваат многу помалку бучава и вибрации[3]. За корисниците, подобрената прецизност и моќ значи побрзо и поефикасно перење алишта, а намалениот шум и вибрации овозможуваат перење алишта во секое време, дење или ноќе, без да се грижите дека ќе ги вознемирувате другите членови на семејството. Импресивната, стабилна и незабележлива работа на технологијата на дигитален инвертер ги прави машините за перење Samsung поиздржливи со текот на времето, намалувајќи ја штетата предизвикана од интензивната употреба на уредот.
Во фрижидерите, технологијата на дигитален инвертер се наоѓа во форма на дигитални инвертер компресори (DIC) кои делуваат како срцето на апаратот, циркулирајќи ладен воздух низ преградите. За разлика од оние стандардни опции кои само се вклучуваат и исклучуваат, Samsung DIC со помош на вештачка интелигенција ја прилагодува својата моќност во зависност од околината.
Во пракса, тоа значи дека фрижидерите работат со поставки за поголема моќност за време на голема употреба, како на пример во текот на денот, но и при намалена моќност кога станува збор за мала употреба - во текот на ноќта, со што се заштедува енергија. Паметен и ефикасен, DIC може исто така да ја прилагоди својата моќност со постепено поместување на поставките за дополнителна заштеда на енергија, но и да го продолжи животниот циклус на фрижидерот со намалување на циклусите на вклучување и исклучување.
Без оглед на тоа како се користат, инвертер-технологиите на Samsung се одликуваат со нивната препознатлива издржливост. Двете технологии за дигитални инвертери во фрижидери и машини за перење се сертифицирани[4] од тим инженери од Verband Deutscher Elektrotechniker (VDE), независен институт за тестирање. Станува збор за институт кој е основан во 1893 година и е познат по своите високи стандарди. По повеќе од 4.000 тест циклуси, машината за перење Samsung со дигитална инвертер технологија ја доби ознаката VDE, што укажува на безбедност и квалитет.
Со примена на гаранцијата за дигиталната инвертер технологија на Samsung, компанијата се обврзува да им обезбеди на своите клиенти дополнителна вредност во годините што доаѓаат. Со ова ветување Samsung ја истакна својата посветеност, што значи дека деловите потребни за одржување и сервисирање на DIT компонентата ќе бидат достапни 20 години. Така, корисниците можат да бидат безбедни и безгрижни бидејќи сервисниот центар на Samsung ќе ги има сите уреди и компоненти кога ќе им требаат.
Создавање трајни решенија за секојдневна одржливост
Samsung верува дека вистинската одржливост започнува од дома, бидејќи малите избори направени секој ден можат да имаат големо влијание на планетата. Со иновативни решенија вградени во својата кујна и апарати за живеење, поддржани со 20-годишна гаранција, Samsung нашироко бара одржливи решенија за домот.
###
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморијата, LSI-системите, Die Cast и LED решенијата. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com .
[1] 20-годишната гаранција важи само за инвертер мотори и компресори во фрижидери, машини за перење и сушење што се продаваат во ЕУ почнувајќи од јули 2022 година.
[2] 20-годишната гаранција за технологијата на дигитален инвертер (мотор/компресор) се однесува само на фрижидери, машини за перење и сушари за облека произведени од Samsung и производители подизведувачи.
[3] Општо земено, нивото на намалување на шумот е 5dBA и 3dBA за циклуси на перење и центрифугирање. Податоците се базираат на ознаката ERP, F500 8kg 1400rpm WF80F5E5P4W со дигитален инвертер мотор и Vistula 8kg 1400rpm WF1804WPC со универзален мотор.
[4] Сертифициран од Здружението за електрични, електронски и информациски технологии во Германија (Verband Deutscher Elektrotechniker – VDE). Вистинскиот животен век може да варира во зависност од околностите на употреба. Сертификатот VDE се доделува само на одредени модели на фрижидери Samsung.
ПР објава