Оџаклиевска во Србија живеела со само 33.000 динари (17.000 денари) на месец: Конечно добри вести за неа - Маја сега доби национална пензија

Фото: Printskrin TV Prva

Пејачката не ја криеше среќата и возбудата, а ова е нејзина прва изјава по веста за нацинална пензија.

Истакнатата вокална солистка Маја Оџаклиевска пред неколку години ја сподели својата приказна со публиката, а меѓу другото и дека од месец во месец живее со само 33.000 динари (17.300 денари). Но, сега во нејзиниот дом пристигнаа прекрасни вести, а таа гласи дека пејачката влезе во дваесетте уметници кои добија национална пензија во Србија, од 60.000 динари, а ќе ѝ се дава до крајот на животот.

- Среќна сум, малку еуфорична. Тоа значи дека не сум ја работела залудно мојата работа и дека сум ја работела на добар начин. Мислам дека ова е престижна награда и им се восхитувам на сите што ја освоија. Се надевам дека нема да бидат незадоволни од одлуката. Секогаш се трудевме да ја претставиме Србија на вистински начин во светот - изјави Маја за Курир.

Одлуката е донесена пред осум години, но сега податоците се официјални.

- Признание за врвен придонес во националната култура, односно културата на националните малцинства добија уметниците: поет Џорџо Сладоје, литературниот преведувач Неда Бобиќ Николиќ, композиторот Зоран Ерик, пијанистка, педагог и публицист Смиљка Исаковиќ, уметникот Јован И. Ракиџиќ, фотограф, фотодизајнер Рајко Каришиќ, филмски сценограф Миљен Кљаковиќ, драмски уметник, актер Богдан Диклиќ, драмски уметник, актер Воислав Брајовиќ, драмски уметник, актер Лазар Ристовски, балетски уметник Константин Костјуков, архитект Василије Милуновиќ, инструменталист музичар хармоника, Љубиша Павковиќ, култура проф. д-р Мирко Ковачевиќ, етномузикологот Димитрије Големовиќ, филмскиот критичар, историчар и теоретичар Божидар Зечевиќ, експертот за култура Радослав Зеленовиќ, вокалната солистка Маја Оџаклијевска, театарскиот режисер Мирослав Бенка и вокалниот солист, музичарот Борисав Ѓорѓевиќ - се вели во соопштението од Министерството за култура на Србија.


извор:GLOSSY

Имав 12 „бракови“: Маја Оџаклиевска откри чии работи ги фрлила на ѓубриште

Маја Оџаклиевска се повлекува од сцената: Ќерка ми замина, сама се борам со болеста на внукот

Прекрасна трудница: Андреа Оџаклиевска ужива во бременоста на плажа