ОГРАНИЧУВАЊЕ: Иако оваа храна е здрава, не треба да се зема неконтролирано
Oдредени намирници мора да ги земате умерено за да не си направите контраефект.
Моркови
Aко често и многу јадете моркови, бета каротенот во нив може да предизвика пожолтување на кожата. Но, од ова, нема да имате посериозни последици.
Јаболка
Семките на јаболката, црешите, праските, сливите и кајсиите имаат минимални количини на киселина, со која ако често доаѓате во допир, може да почувствувате негативни симптоми како недостаток на воздух.
Бразилски орев
Богати се со селен, но ако претерате бразилските ореви може да доведат до кршливи нокти, губење на косата, невролошки проблеми и проблеми со срцето.
Мускатно оревче
Зачин кој се додава во апсолутно сè, но мора да се лимитирате на 20 грама. Инаку, постои ризик да се соочите со губење на чувството за реалност, анксиозност, страв, халуцинации.
Горчливи бадеми
Ако претерате со нив, ризикувате да ги нарушите киселините во стомакот, бидејќи содржат амигдалин. За децата критично е да консумираат над 10 парчиња, за возрасните критични се над 50 парчиња.
Вода
Вишокот вода во организмот прави притисок на бубрезите, а воедно и ве тера да изгубите големи количини на натриум и калиум од крвта.
Зелени компири
Недозреаните компири може да предизвикаат симптоми како гадење, повраќање, дијареа и проблеми со срцето.