Охридска банка го продолжува рокот за замена на сите платежни картички со ново лого за еден месец

Добивај вести на Viber

Процесот на замена на платежните картички ќе трае до 31 октомври 2020 година 

Охридска банка АД Скопје го продолжува периодот предвиден за замена на платежните картички на своите клиенти, физички и правни лица. Со тоа, овој процес ќе трае до 31 Октомври 2020 година, велат од банаката и додаваат дека: 

„По истекот на овој период Банката ќе го ограничи правото на користење на картичките кои нема да бидат навремено заменети, затоа е важно клиентите да извршат навремена замена во матичните експозитури. 

Со овој процес Банката ќе ги замени сите дебитни и кредитни картички на своите клиенти со нови картички, со логото на матичната групација Штаермеркише Шпаркасе. Со подигнувањето на новата дебитна или кредитна картичка, клиентите во Банката ја враќаат старата картичка која ќе биде веднаш деактивирана“.

Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти независно од периодот на важност на нивната картичка со старо лого, во најбрз временски период, а најдоцна до 31 Октомври 2020, кој е последен рок, да ги подигнат своите нови платежни картички. 

За повеќе информации клиентите може да се обратат во контакт центарот на Охридска банка на телефонскиот број 02 15 050, или во мрежата на експозитури на Банката, потенцираат од Охридска банка.