Омилената турска актерка сопругот ја затекнал гола со 30 год. постариот свекор: Неколку месеци по венчавката следел скандал кој ги шокирал сите

Добивај вести на Viber

Турската актерка Гокче Бахадир, на нашата публика и е најпозната по серијата „Кога лисјата паѓаат“, а многумина шокираше со информациите за нејзиниот љубовен живот кои стигнаа до јавноста. Зад себе има еден брак кој заврши со развод, а сега повторно е вљубена во музичар.

Имено, турската актерка пред девет години се омажи за актерот Али Сунал, но по само седум месеци брак, актерката им се доверила на пријателите дека е несреќна во бракот. Гокче Бахадир за прв пат се ожени во 2011 година, а се разведе една година подоцна. Таа за прв пат беше вљубена во актерот и водител Али Санал.

View this post on Instagram

A post shared by Gökçe Bahadır (@gokce.bhdr)



Само седум месеци откако се венчаа, на нивната брачна среќа и дојде крајот. Извори блиски до актерот изјавиле дека причината е нешто што никој не можел ни да го замисли. Се испостави дека Алиу ја фатил актерката на дело со неговиот татко Кемал Сунал, кој почина неколку години подоцна.

- Кемал беше познат како голем плејбој, а ни Гокче не можеше да одолее на неговиот шарм. Тие двајца започнале афера само неколку дена откако тој и официјално станал нејзин свекор. Помеѓу нив долго време постоеше фатална привлечност, а тоа не можеше да го спречи тоа што Кемал е 30 години постар од неа и е татко на нејзиниот сопруг – открил извор близок на актерката.

View this post on Instagram

A post shared by Gökçe Bahadır (@gokce.bhdr)



Романсата ја чувале во тајност за да не предизвикаат раскол во семејството, а ги разоткрил Али кој бил на пат додека неговата девојка се забавувала со татко му. Како што пренесуваат турските медиуми, актерот два дена порано се вратил дома сакајќи да ја изненади сопругата, но единствениот кој се изненадил бил самиот тој.

Прво откако го видел автомобилот на татко му во нивниот двор, а потоа следел уште поголем шок кога ги затекнал голи во дневната соба.

View this post on Instagram

A post shared by Gökçe Bahadır (@gokce.bhdr)



Инаку, Али Суналу среќата ја најде покрај Назли Курбанзаде, со која е во брак од 2018 година, а заедно ја добија ќерката Нарин.