Омилените дестинации на Ентони Бордејн

Добивај вести на Viber

Ентони Бордејн го смени начинот на кој патуваме. Тој се самоуби на 8 јуни 2018 година во Франција. Дел од интервјуто кое ви го пренесуваме е објавено на „National Geographic“ во 2015 година, а статијата беше обновена од претходната верзија на 8 јуни 2018 година.

Телевизискиот водител , писател и извонреден готвач Ентони Бурден ги лижеше чиниите низ целиот свет, од супа со кнедли во Шангај до пирани во Перу. Еве еден поглед на светот преку неговиот уникатен објектив (и апетит):

Запрашан, според него која е најпотценета дестинација во светот и зошто Ентони Бордејн вели дека тоа е Уругвај.


„Монтевидео во Уругвај - тоа е во голема мерка неоткриено. Тоа е многу лежерно место, луѓето се навистина пријатни, плажите се неверојатни и има одлична храна. Сепак, тешка земја за вегетаријанци“.

Според него пак Токио била дестинација која дури би ја избрале и најдобрите готвачи ако би требало да бидат во куќен притвор до крајот на својот живот во еден град и да ги јадат сите нивни оброци таму.

Ентони вели дека ако требало да умре од јадење би сакал тоа да биде „Sukiyabashi Jiro“  - Сукијабаши Џиро, местото на „Jiro Ono’s“. Тоа е прилично неверојатно, рекол Ентони.

Кога некој ќе го посети во Њујорк, кое е првото место на кое Ентони ќе го однесе, готвачот вели дека гостите често ги носи на Јакитори - тоа е традиционален јапонски рецепт за пилешко приготвено на жар а местата кои најчесто ги посетува за ваков вид на храна се Torishin or Yakitori Totto.

Местата кои ги препорачува Ентони се Russ & Daughters или Barney Greengrass .


Ако не живеел во Њујорк Ентони вели дека би сакал да живее во Сардинија или некаде во Италија. 

„Мојата сопруга е Италијанка и таа има семејство таму - дури и места за живеење ако сака.

Но, јас се шегувам. Јас сум работохолик, ја сакам мојата работа и мислам дека сум подготвен за Њујорк, па колку што би сакал да потрошам време на друго место, би се залажувал ако мислев дека некогаш ќе се пензионирам на врвот во Тоскана.

Но, ако сè беше погрешно во мојот живот и завршев сам и премногу пиев, тогаш најверојатно ќе се упатев кон Виетнам“, рекол Ентони.

Во поглед на најнезаборавното искуство за јадење што го имал додека патувал Ентони раскажува дека тој го имал еден од последните оброци во elBulli (ресторан со три ѕвездички во Кала Монтжој, Шпанија, кој беше затворен во 2011 година) и тоа било доста емотивно. Вели сите во ресторанот што таа вечер биле таму биле во солзи.

„И, се разбира, јадењето со легендарните готвачи Пол Бокуз и Даниел Булуд во ресторанот на Бокуз „е L'Auberge du Pont de Collonges“, во близина на Лион, Франција беше неверојатно, едно искуство во животот што никогаш не сум сонувал дека ќе го имам.

Во петтата сезона на „Parts Unknown“, Ентони се враќа во Бејрут, Либан, каде што тој и неговата екипа се фатени во средината на конфликтот во 2006 година. Што било пресудно да одлучат да се вратат, Ентони вели дека отсекогаш чувствувал дека таму има недовршен бизнис.


„Поминав извонредно позитивно време таму до избувнувањето на војната и почувствував дека има, постои, и секогаш ќе има многу поинтересна, многу повеќе мултидимензионална, многу повеќе позитивна страна за да се покаже Либан.

Тоа е многу сложено, уникатно неверојатно место - тоа е еден од моите омилени градови - и со сите негови проблеми, а ги има многу, мислам дека тоа е место каде што луѓето треба да одат и да уживаат“- вели Ентони.

Иран, пак е дестинација која Ентони рекол дека најмногу го изненадила.

„Луѓето кои ги среќавате, расположението и улиците се многу поинакви од иранската надворешна политика и Иран со кој треба да се соочиме на геополитичко ниво. Реалноста е дека таму е тешко, но има многу поинаков Иран таму што повеќето од нас не можат да го видат. Доживувајќи го тоа од прва рака беше многу збунувачки и возбудливо“-кажал Ентони.

-Дали патувањето поради работа го промени начинот на кој патувате на одмор? Ентони на ова прашање одговара вака:

-Да многу. Преферирам да останам на одмор. Ако моето семејство планира долг одмор, тоа е на плажа на Лонг Ајленд, и јас возам таму и не се мрдам. Дозволувам мојата седумгодишна ќерка да ги донесе сите главни одлуки за тоа што да правиме. Знаеш, дали денес одиме на плажа, или не? Дали имаме хамбургери или хот дог? ... Јас сум за вегетаријанство.

Прашан која е најчудната работа што ја видел на своите патувања - Ентони посочува дека видел многу нешта кои можеби некогаш ги нарекувал чудни, но во овој момент - „не знам. Имав вечера под куп човечки черепи; Претпоставувам дека тоа беше прилично чудно“.

Фото, извор: nationalgeographic.com