Онакви сте каков што е Вашиот татко: 6 непобедливи докази

Научниците открија дека повеќето луѓе генетски повеќе личат на таткото отколку на мајката. Се верува дека наследуваме околу 50% од гените од таткото и 50% од мајката, но дека гените на таткото се подоминантни.

Ова најмногу се одразува на следново:

Полот зависи од таткото

Полот на нероденото бебе може да се утврди со гледање на семејното дрво на таткото. Ако имало само машки деца во семејството, веројатно и следното е машко. Тоа всушност зависи од спермата - ако таа го носи Х-хромозомот, заедно со хромозомот на мајката Х, ќе се роди девојче. Ако спермата на таткото носи хромозом Y, ќе се роди момче.

Момчињата ја наследуваат плодноста од нивниот татко

Татковците кои имаат проблеми со плодноста можат да им го пренесат проблемот на своите синови, се вели во студијата објавена во стручното списание „Human reproduction“.

Може да го наследиме и менталното здравје од таткото

Иако и двајцата родители многу влијаат на идното ментално здравје на детето, ако таткото страда од шизофренија, хиперактивно нарушување или недостаток на внимание, многу е веројатно дека тоа ќе биде пренесено на децата. Научниците велат дека татковците имаат поголем ризик од мутации на гените за време на производство на нови сперматозоиди, така што се зголемува можноста за ретки генетски заболувања и нарушувања како што е аутизмот.

Насмевка на тато

Во повеќето случаи, ние ја наследуваме позицијата и големината на забите, обликот на вилицата и насмевката од таткото.

Висината е заслуга на таткото

Студиите покажаа дека високите мажи прават поголеми бебиња кои подоцна растат до приближно нивната висина, но докажано е и дека татковците немаат никакво влијание врз обликот и телесната тежина.

Може да ја наследите целосната личност на таткото

Научниците не го исклучуваат влијанието на гените врз развојот на детската личност, но ова поле сè уште не е доволно истражено. Сепак, постојат силни докази дека гените влијаат на серотонинот и допаминот кај децата, кои влијаат на мозокот и својствата на личноста, како предиспозиција за депресија, вознемиреност, срамежливост…

Дали се согласувате со наведените изјави на научниците? Какви сличности забележувате со вашиот татко? Споделете со нас во коментари!