Опседнатост со социјални мрежи – дали ова ги отуѓува луѓето?

Добивај вести на Viber

Современите технологии придонесуваат голем дел од луѓето да бидат опседнати со социјалните мрежи.

Поради тоа трпи социјалниот живот и интеракцијата со луѓето. Опседнатост со социјалните мрежи има и кај младите, но и кај повозрасните групи граѓани. Според психолозите, овој тренд води кон отуѓување. Истражувањата покажуваат дека многу луѓе по неколку часа дневно поминуваат на социјалните мрежи.

Дипломираниот психолог Наталија Наумовска вели дека опседнатоста со социјалните мрежи не е новитет, таа постои уште откако излезе интернетот.

„Луѓето ги заменија смартфоните со вистински дружби, па полесно им е да пишуваат со некого наместо да се видат во четири очи. Социјализацијата го има изгубено нејзиното значење, а социјализирање преку интернет не може да се смета за замена за онаа вистинската дружба во простор и време надвор од паметните телефони и компјутерите. Секој ден сè повеќе луѓето се отуѓуваат од себеси и едни од други. Предност во постоењето интернет е тоа што може да се видиме со пријателите и роднините преку камера повик тогаш кога сме физички оддалечени. На интернет сега сè е достапно, таму може сè да се најде, да се види, да се купи и да се порача. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Фреепик