Осигурување на возилото за време на патување во странство: Зелен картон vs Каско

Добивај вести на Viber

Патничките моторни возила, заедно со целата дополнителна опрема, претставуваат вредна инвестиција, а она во коешто сме вложиле треба и да се заштити и да се осигури. Изборот на вистинско осигурување на автомобилот може да биде комплицирано за купувачите и потребно е да се обрне внимание на неколку важни работи. Поради тоа, за поголема сигурност и заштита, внимателно треба да се избере и преку која осигурителна компанија ќе купите полиса за осигурување. Многу често се поставува прашањето кои придобивки ги носи Зелениот картон при патување во странство, а што се добива со купување полиса за каско осигурување за возилото кога излегувате надвор од државата.

Зелениот картон претставува територијално проширување на полисата за осигурување од автоодговорност во сите европски земји кои се членки на Системот на зелена карта. Овој тип осигурување ја покрива штетата на трети лица и нивниот имот од последиците на сообраќајна незгода и е задолжителен за сите типови возила што излегуваат од територијата на Македонија. Зелената карта за сите типови возила е годишна, а само кај патничките возила возможно е издавање зелен картон со времетраење и од еден месец. Листата на земји членки на Системот на зелена карта е наведена на самата зелена карта.

Зелениот картон е еден вид гаранција дека има кој да ја покрие штетата што би можеле да ја причините во странство - со своето возило и по своја вина. Ве осигурува и доколку претрпите штета при своето патување во странство по вина на државјанин на матичната земја, односно неговата компанија ќе ја сноси одговорноста. 

Од друга страна, каско осигурувањето ја покрива штетата на вашето возилото согласно со ризиците дефинирани во склучената полиса. Доколку предизвикате сообраќајна незгода во Македонија, вашата полиса за автоосигурување ќе ги подмири трошоците за штетата на туѓото возило и на повредените лица. Ако, пак, е оштетен и вашиот автомобил, штетата ја подмирувате сами. Со склучување договор за каско осигурување, имате право на подмирување на штетата на сопственото возило, дури и ако вие сте ја предизвикале сообраќајката. Каско покрива и разни други ризици, од природни непогоди, па сѐ до кражба и вандализам.

Каско осигурувањето нa Кроација осигурување обезбедува целосна финансиска сигурност на возилото, а овој вид осигурување ги опфаќа следните осигурени ризици: поплава, порој и високи води, град, удар од гром, бура, сообраќајна незгода, како превртување, судир, лизгање, паѓање или удар од некој предмет, пожар, експлозија, ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба и разбојништво и злонамерни постапки на трети лица. Каско осигурувањето, без вклучен ризик кражба, ги вклучува сите погоре наведени ризици освен ризикот од кражба, противправно одземање на возило и разбојништво.

Освен возилото, со целосно каско осигурување може да се осигури и дополнителната опрема како: алат, приклучни уреди, прибор и резервни делови, радиоапарат, касетофон, радиоапарат со цеде, ДВД-уред, телевизор и радиостаница на возилото, кои не се вградени во возилото од страна на производителот, како и рекламните натписи во возилото и на возилото.

Видовите каско осигурување опфаќаат каско осигурување без учество во штета и каско осигурување со одбитна франшиза (учество во штета) и зависно од избраниот пакет,висината на премијата се менува. Колку е поголема франшизата, толку е помала премијата и можете да го изберете видот што ви одговара најмногу. Поволностите на каско осигурувањето на Кроација вклучуваат попусти за добра деловна соработка, попуст за петгодишен договор, попуст за полиса за автоодговорност и попуст за немање штета при обнова на полисата.

Со каско осигурување од Кроација автомобилот е целосно заштитен од сите непредвидени ситуации и осигурениците се заштитени од дополнителни трошоци, кои може да го „расипат“ летниот одмор.