Ослабе повеќе од 90 кг и сега никој не го препознава: Познатиот актер ги изненади сите во Монте Карло
Својата трансформација ја започна во 2007 година кога се посвети на здравиот живот.
Актерот Џон Гудман (71) одамна не е виден во јавноста, а сега се појави на премиерата на третата сезона на хит серијата „Праведните скапоцени камења“ на 62. телевизиски фестивал во Монте Карло. Додека беше во сенка на медиумите, неговиот живот и неговиот изглед драстично се променија. Појавувајќи се на премиерата, предизвика неверување - сите се прашуваа каде е другата половина на Џон.
Актерот цел живот се бореше со вишокот килограми, а во едно интервју размислуваше за своето патување за слабеење, објаснувајќи дека кога се борел со зависноста од алкохол во 2007 година, па решил да го промени својот живот од корен:
- Некогаш држев диета и 3 месеци и ќе ослабев и до 30 килограми, но потоа се враќав на старите навики и јадев се‘ што ќе ми паднеше при рака. Овој пат сакав да одам бавно и здраво. Многу се движев и вежбав. Доаѓам до возраст кога не можам да си дозволам да не се движам, рече тој.
Џон првпат проговори за неговата напорна борба со килограмите во 2017 година, наведувајќи дека со овој проблем се борел уште од детството:
- Почна кога бев дете. Ќе се затворев во куќата и ќе јадев тајно, изјави тој за магазинот „Men's Health“ и додаде: - Ми причинуваше големо задоволство да јадам, мислам дека е дел од личноста на алкохоличар.
Целосно го промени начинот на живот, наместо некогашното прејадување, почна да тренира. Потоа си поставил за цел да вежба шест дена во неделата со помош на лента за трчање или елипса и да оди најмалку 10.000 чекори дневно.
Тој, исто така, целосно ја намали својата исхрана, преминувајќи на план инспириран од Медитеранот, кој вклучува многу риба, зеленчук, овошје, маслиново масло и јаткасти плодови.
Иако не веруваше во себе и тврдеше дека за 6 месеци ќе се врати во „нормала“, сепак не престана да се бори. Медиумите пишуваат дека тој некогаш тежел неверојатни 180 килограми. Изгледа дека конечно ја доби таа битка, бидејќи ослабе толку многу што, на почетокот, и на оние кои го познаваат им беше тешко да го препознаат.
Иако се‘ уште е активен во филмот, постои можност да не сте го препознале или да не сте сфатиле дека тоа е токму некогаш препознатливиот буцко.
Гудман на црвениот тепих пристигна во беж панталони, морнарско сако и бела кошула. Странските медиуми јавуваат дека актерот изгубил повеќе од 90 килограми.
Фото: Youtube - screenshoot