Ослабела 7 килограми за три недели: Открила „магичен оброк“ кој и помогнал да ги намали мастите (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Губењето на тежината бара долгорочна посветеност и разбирање дека нема брзи решенија за постигнување поздрав начин на живот - сè што треба да направите е да вложите напор.

Корисничката на TikTok, Никол Неделко, го сподели својот импресивен подвиг, каде откри дека успеала да изгуби приближно 6,8 килограми за само три недели, а нејзиниот успех го припишува на специфичен ручек што го конзумирала за време на нејзината здравствена трансформација.

Таа го откри и својот „омилен ручек“ и даде инструкции за сите оние кои сакаат да донесат поздрави одлуки во исхраната.

„Изгубив 7 килограми за три недели. Ова беше мојот омилен ручек“, вели таа во своето видео, притоа покажувајќи чинија со храна.

@nicole.nedelko My fave lunch!!!! #Weightloss #loseweight #losefat #loseweightafter40 #perimenopauseweight #menopause #bellyfat #inflammation #5daydrop Can See You (Taylor’s Version) (From The Vault) - Taylor Swift

Рецепт за ручек

Прво, ќе ви требаат 3/4 чаша сварена, изладена мелена мисирка, која треба да се стави во сад. Потоа иста количина киноа се додава во мисирката, па го додавате мешаниот зеленчук.

„Јас користам црвен кромид, краставица и црвен пипер“, напиша таа во описот на видеото, но можете да додадете зеленчук што сакате.

Потоа во садот се додава сосот од цацики, а Никол предлага една до две лажици од сосот. Таа го опиша оброкот како „толку вкусен и заситен“, што и помага да избегне прекумерно грицкање во текот на попладневните часови.

Коментарите ја пофалија нејзината трансформација, при што еден корисник праша дали има вградено интензивно вежбање во нејзината рутина за слабеење. Никол го препишува својот успех на поздравата исхрана и напомена дека, секогаш кога е можно, во својата рутина вклучува „пешачење“ и „јога“.

Фото: Принтскрин/ Тик ток
Извор: Najzena.rs